Ekipa
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, денес ќе го претстави пакетот нови мерки за безбедност по зачестените напади минатиот месец, за кои одговорноста ја презеде терористичка организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската канцеларка Ангела Меркел минатиот месец вети дека ќе стори „сé што е можно“ за да се овозможи граѓаните да бидат безбедни.
Германските медиуми објавија дека новите мерки на Мезиер вклучуваат побрза депортација, укинување на доверливоста на комуникацијата меѓу лекарот и пациентот во некои случаи за да можат лекарите да ги информираат властите во случај ако некој од нивните пациенти претставува потенцијална закана за населението.
Неколку членови на партијата на Ангела Меркел повикаа на воведување мерки коишто вклучуваат забрана за носење бурка или никаб на муслиманските жени и заострување на правилата за добивање двојно државјанство.