Dildar Baykan
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - ДИЛДАР БАЈКАН - Претседателот на Сојузот на Рохинџа во Аракан (АРУ), Вакар Удин, во врска со араканската криза истакна: „Прашањето околу араканските муслимани веќе не е прашање само меѓу Мјанмар и Бангладеш, туку е глобален проблем. Меѓународната заедница треб да биде вклучена во решавањето на ова прашање“, јавува Anadolu Agency (AA).
Удин, претседател на АРУ со седиште во Њујорк, САД, во разговор за АА зборуваше околу суровостна на која се изложени арканските муслимани, како и за можните решенија.
Советодавната комисија за Аракан под водство на поранешниот секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан, на 24 август претстави еден извештај за араканските муслимани, во кој беа упатени барања како споделување на економските извори во Аракан меѓу федералната и државната власт на праведен начин, плаќање надоместок за араканците чии земјишта се запленети, како и давање право на државјанство за араканските муслимани.
Удин нагласи дека меѓу овие барања се наоѓа Национална картичка за верификација (НКВ) која ќе им се даде на араканските муслимани, а, според него, тоа е загрижувачко прашање.
„Системот НКВ е еден систем развиен од страна на мјанмарксата војска за зајакнување на политиката за суровост врз араканските муслимани. А сега се користи од страна на мјанмарската админситрација“ рече тој.
Удин рече дека Мјанмарската влада на меѓународната заедница сака да го претстави системот НКВ како да е системот „Green Card“ на САД, но вистинското лице на ова работа е многу различна.
Како што рече Уддин, НКВ е еден правец која ги води араканските муслимани да бидат на граѓани од трет ред во Мјанмар. Тој вели дека со овој систем немаат еднакви права со другите граѓани, немаат право на користење на услугите како социјална заштита, здравство, образование, и купуваање земјиште, и додаде дека со овој систем немаат никакви права, и се претворени во позиција на роб.
- „Меѓународната заедница треба да биде вклучена во решавањето на прашањето околу Аракан“
Од 25 август досега илјадници аракански муслимани го загубија својот живот во нападите на мјанмарската војска под изговор дека води борба против вооружени милитанти. Во овие напади кои се претворени во етничко чистење, околу 300 села се целосно уништени од страна на војската и будистите фанатици. Над 600 илјади аракански муслимани пребегаа во Бангладеш преку планински патишта, река или преку море.
Администрацијата на Бангладеш често упатува апел за враќање на араканските муслимани на своите територии. Пред неколку дена беше соопштено дека е потпишан договор меѓу владите на Мјанмар и Бангладеш, но не беа објавени деталите на договорот.
„Прашањето околу араканските муслимани веќе не е прашање само меѓу Мјанмар и Бангладеш, туку е глобален проблем. Меѓународната заедница треб да биде вклучена во решавањето на ова прашање“ вели Удин во врска со ова прашање.
Во врска со обезбедување на безбедноста на араканските муслимани во случај да се вратат во нивите територии, Удин рече: „Нема да се дозволи војската на Бангладеш да ја обезбеди безбедноста во Аракан. Глупаво е тоа да го направи Мјанмарската влада, бидејќи војската ги уби араканските муслимани, ги расели. Безбедноста на араканските муслимани кои се враќаат во Аракан, треба да се обезбеди од страна на мировните сили при ОН. Ако не се обезбеди доволна безбедност, суровоста може да започне после 2 години, една година или шест месеци“.
- „Турција и турскиот народ под водство на претседателот Ердоган се богатство за араканските муслимани“
Турција од почетокот на кризата досега со различни политички иницијативи како и помошта беше најголемата надеж за араканските муслимани.
Голем број високи претставници, пред се претседателот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, водат доплиматски напори врска со ова прашање.
Институциите како Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Турската Црвена полумесечина, Претседателтството за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД), Турската фондација за верски прашања (ТДВ), и Хуманитарната фондација ИХХ, продолжуваат со нивните активности за помагање на араканските муслимани. Исто така, ТИКА спроведува активности за помагање на муслиманите во Аракан каде институциите на ОН не се дозволуваат да вршат активности.
Удин нагласи дека Турција е на лидерската позиција околу заштита на араканските муслимани, и додаде дека претседателот Ердоган направил голем број чекори во врска со ова прашање.
„Турција и турскиот народ под водство на претседателот Ердоган се богатство за араканските муслимани. Турција има централна улога меѓу мсулиманите и меѓународната заедница. Бог да го благослови претседателот Ердоган, неговото семејство, и турскиот народ. Турската влада да биде поуспешна“ додаде во разговор со АА Вакар Удин, претседател на Сојузот на Рохинџа во Аракан (АРУ).