Aida Cako
24 Декември 2025•Ажурирај: 25 Декември 2025
ДАНКЕРК (АА) – Мигрантите што живеат во областа Данкерк, Северна Франција и понатаму се соочуваат со сериозни здравствени и безбедносни ризици поради недостиг на основни услуги и покрај неодамнешната пресуда на Управниот суд во Лил против француската држава за непочитување на човековото достоинство на прогонетите лица во регионот, јавува Анадолу.
На терен состојбата е тешка. Импровизираните населби се состојат од шатори поставени во кал и влажна почва, без соодветна заштита од студот и дождот. Мигрантите се обидуваат да се загреат палејќи огнови на отворено, додека електронските уреди ги полнат преку заеднички приклучоци за струја, поставени во небезбедни услови.
Судот пресуди дека надлежните власти не ги исполниле своите обврски за обезбедување соодветни услови за мигрантите што престојуваат во и околу Данкерк, наведувајќи сериозни недостатоци во пристапот до засолниште, пивка вода, санитарни услови и здравствена заштита.