Ekipa
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Шефот на Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската Унија (ЕУ), Фабрис Легери, денес ги повика земјите-членки на ЕУ да ги „испратат дома“ мигрантите што не ги исполнуваат условите за азил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што истакна Легери, моментално со такви мигранти се соочува Италија, од каде што се вратени 40 отсто од мигрантите, најчесто од Либија и од Египет.
„Таквите мигранти можат и треба да бидат вратени“, порача Легери.
„Властите на Рим“, како што нагласи тој, „сакаат да ја забрзаат процедурата на ‘враќање на мигрантите’“.
„Сега договараме враќање на мигрантите во трети земји, надвор од Европа“, нагласи Легери, додавајќи дека сите членки на ЕУ се соочуваат со исти проблеми, во врска со мигрантите.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека 154.000 мигранти минатата година стигнале во Италија додека оваа година пристигнале 144.000.
„Во однос на илегалните миграции, сега Италија е држава-членка број еден“, нагласи Легери.
Освен Фронтекс, Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ дејствува од минатата недела како ново тело за заштита на границите, а нејзината главна задача е помош на земјите што се под најголем притисок на масовниот прилив на мигрантите.