Muhammet Kurşun
08 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
ТЕХЕРАН (АА) - МУХАМЕТ КУРШУН - Националната ботаничка градина што се наоѓа во иранскиот главен град Техеран, покрај тоа што веќе 52 години им нуди можност на граѓаните да побегнат од секојдневниот стрес, исто така ги обединува своите посетители со убавините на природата и природниот живот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оваа национална ботаничка градина што се наоѓа во западниот дел на Техеран, кој е еден од најзагадените градови во светот, е неодолива локација за жителите на овој град.
Градината е основана во 1969 година и од овој датум досега е најпосетеното место во Техеран.
Во неа се наоѓаат различни видови растенија, разнобојни цветови, ресторани и кафулиња и вештачки реки.
Има површина од 145 хектари, на кои има над 4.000 видови растенија што се донесени од различни шуми во Иран и од различни места во светот, како Кавказ, Америка, Хималаите и други места, и над 20 различни природни живеалишта.
Оваа градина е посетена од бројни домашни и странски туристи кои бегаат од загадениот воздух на Техеран и уживаат во чистиот воздух полн со кислород во иранската Национална ботаничка градина.