Adham Kako,Mohamad Misto,Selen Temizer
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Халид Абдул, генерален секретар на сирискиот Парламент кој е под контрола на Асадовата партија Баас, изјави дека сириските безбедносни и разузнавачки служби се инфилтрирале во ДЕАШ, и дека единствено соработката со режимот може да ги спречи терористичките напади во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абдул беше гостин во програмата на сириската државна телевизија, а во таа пригода се осврна на врските на сирискиот режим со терористичката организација ДЕАШ.
Тој истакна дека терористичките групи, првенствено ДЕАШ и Нусра се наоѓаат околу Дамаск.
„Зошто не се случуваат експлозии во Дамаск, а се случуваат во некои турски градови? Сириските безбедносни институции, разузнавачките служби успеаја да се инфилтрираат во овие мрежи“, вели Абдул.
Тој додаде дека никој не може да ги спречи случувањата во Турција, и дека постои само еден начин.
„Тоа е можно само ако се соработува со безбедносните институции на Сирија. Погледнете ги само нападите на безбедносните сили во Јордан. Сириската држава има опсежни информации за случувањата на подрачјето на Јордан и Турција“, порача генералниот секретар на сирискиот парламент, Халид Абдул.