Vesna Besiç
06 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
САО ПАОЛО (АА) - Десетици илјади жени протестираа во бразилскиот град Кампинас, искажувајќи го на тој начин револтот против семејното насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот започна по последниот случај на семејно насилство, кога вооружен маж на новогодишна забава на југоисточниот дел на Бразил ја уби својата поранешна сопруга, нивниот осумгодишен син и уште десет лица, по што се самоубил.
Овој трагичен настан се случи на новогодишната ноќ во Кампинас, 100 километри од Сао Паоло. Освен 12-те загинати, мажот ранил уште три лица.
Соседите за медиумите изјавија дека слушнале пукање 15 минути пред полноќ, но мислеле дека се работи за огномет. Кратко потоа, ранетите, за кои се верува дека се блиски роднини на поранешниот брачен пар, побарале помош од жителите.
Насилството врз жените е широко распространето во Бразил, а земјата се бори и со висока стапка на криминал и со организирани банди.