Bahattin Gönültaş
15 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Шведскиот синџир на трговија со мебел ИКЕА објави дека ќе затвори четири фабрики во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од компанијата потсетија дека ИКЕА ги прекинала своите активности во Русија и Белорусија по почетокот на Руско-украинската војна на крајот на февруари.
„За жал, условите не се подобрија и разорната војна продолжува. Компаниите и синџирите на снабдување низ светот се тешко погодени и не гледаме можно продолжување на работата во скоро време“, се наведува во соопштението на компанијата.
Се додава дека ИКЕА ќе ја прекине малопродажбата во Русија и ќе започне процес за продажба на четири фабрики во таа земја.
Уште се наведува и дека компанијата ќе продолжи со политиката на забрана на извоз и увоз од Русија и Белорусија.