Fuat Kabakcı
30 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починатите од последниците од новооткриениот коронавирус во Кина зголемен е на 170, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека досега е потврдена дијагноза на зараза со вирусот 2019-nCoV кај 7.111 пациенти ширум Кина, исклучувајќи го Тибет. Меѓу заболените 1.370 лица се во критична состојба.
Поради сомнеж дека се заразени од коронавирусот ширум Кина под надзор се 81.947 лица кои беа во контакт со заразените.
Само во последните 24 саати ширум земјата откриени се 1.737 нови случаи на заразени, а починаа 38 лица. Од болниците во Кина отпуштени се 124 пациенти кои се излечени по заразата.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, административниот центар на провинцијата Хубеи.
Министерството за образование на Кина го продолжи новогодишниот празник и го пролонгираше почетокот на наставата во училиштата.
Меѓу бројните мерки кои кинеските власти ги спроведуваат за да се спречи ширењето на корона вирусот се и запирање на јавниот превоз во 17 најзагрозени градови.