Elena Teslova
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го продолжи гасоводот „Турски тек“ во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва, Путин изјави дека гасоводот од Грција до Италија треба допрва да се пополни со гас и дека тој може да се користи за транспорт на гас од Русија во јужна Европа преку Турција.
„Ние го дискутираме ова со нашите турски и грчки партнери и постои голема веројатност. Изграден е гасовод од Грција до Италија. Ние можеме да размислиме заедно како да ја пополниме оваа рута со вистински производ“, изјави тој.
Ципрас пак, го нагласи интересот на неговата земја да биде дел од овој проект, велејќи дека тоа ќе ја зголеми улогата на Грција во регионалниот енергетски домен.
Тој ја обвини ЕУ дека има „двојни стандарди“ во однос на „Турскиот тек“, велејќи дека Европската комисија го „спречува“ продолжувањето на гасоводот во Грција.
„Турскиот тек“ е гасовод за пренос на природен гас преку Црното Море од Русија до Турција.
Проектот се состои од две линии, секоја со должина од 930 километри и вкупен капацитет од 31,5 милијарди метри кубни.
Турција ќе добива 15,75 милијарди метри кубни гас, додека преостанатиот капацитет ќе биде испратен во Европа.