„САД ризикуваат огромни загуби влегувајќи во трговска војна со Европа“, истакна Франција
Јасно е дека Европа ќе одговори, изјави портпаролот на француската Влада

ИСТАНБУЛ (АА) – Портпаролот на француската Влада денес предупреди дека „САД губат влегувајќи во трговска војна со Европа“, известува Анадолу.
Кристоф Лемуан на неделниот брифинг за медиумите истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп донел „исклучителни“ одлуки за царините.
Нагласувајќи дека Европа е трговски партнер број еден на САД, Лемуан рече: „Јасно е дека Европа ќе одговори“.
Потенцирајќи дека Франција отсекогаш имала многу близок дијалог со САД за различни прашања за соработка, Лемуан даде уверување дека тој дијалог сè уште трае.
„Вистината е дека дојде до промена во американскиот став во однос на оној на администрацијата на Бајден, па сега останува на нас да се приспособиме на таа промена“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.