Elena Trenchevska Chekovic
15 Декември 2025•Ажурирај: 16 Декември 2025
ЊУЈОРК (АА) - Снежна бура го погоди Њујорк, Соединети Американски Држави (САД), викендов што се први снежни врнежи во метрополата сезонава, јавува Анадолу.
Снегот почна да паѓа доцна во саботата навечер и продолжи до неделата наутро по локално време.
Бурата донесе околу 2,5-8 сантиметри снег на Менхетен и во делови северно и западно од градот, а 8-15 сантиметри на Стејтен Ајленд и во делови од Квинс и Бруклин, како и на Лонг Ајленд и во поголем дел од централен и јужен Њу Џерси.
Анадолу направи снимки од дрон од Централ парк и подрачјето на Менхетен во Њујорк покриени со бела снежна покривка.