Muhammet Kurşun
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ТЕХЕРАН (АА) – Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Бехрам Касими, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) спречуваат да стигне помошта до настраданите лица во регионите зафатени од катастрофалните поплави во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Касими, во изјавата дадена за иранските државни медиуми истакна дека поради санкциите што САД ги спроведуваат против иранските институции, соодветната помош за регионите погодени од поплавите не може да пристигне.
Касими, истакнувајќи дека САД ги блокираа сметките на иранската Црвена полумесечина, рече дека САД со тој чекор не дозволуваат помошта од другите земји да стигне до регионите зафатени од поплавите.
Тој, исто така, нагласи дека чекорите што се преземаат од страна на американската администрација, на скорешната годишнина од напуштањето на Договорот за нуклеарната програма, се против иранскиот народ.
„Администрацијата на САД тврди дека санкциите не се против иранскиот народ, туку дека напротив, се во негов интерес. Сепак, овој чекор на САД, за разлика од смешните тврдења на администрацијата на САД, очигледно е дека е направен против народот на Иран“, рече Касими.
„И покрај вонредните околности, целиот банкарски систем не може да се блокира“, рече Касами, додавајќи дека хуманитарната помош пристигнува преку организациите слични на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
„САД со нехуман и суров пристап не дозволуваат хуманитарната помош да стигне до погодените од природните катастрофи. Организациите слични на Црвениот крст и Црвената полумесечина помошта не можат да ја достават до иранската Црвена полумесечина. Меѓународната заедница и организации треба да се спротивстават на тој безмилосен чекор“, нагласи Касами.
Веќе две недели иранските покраини Хузистан, Гoлeстан, Лористан, Фарс, Керманшах и Хемедан, се зафатени од поројни врнежи од дожд, кои предизвикаа катастрофални поплави. Досега поплавите одзедоа 46 животи.
За време на поплавите, Менаф Хашими, гувернерот на покраината Гoлeстан, бил на одмор надвор од земјата. Тоа, пак, во јавноста предизвика реакции. Како резултат на реакциите Хашими доби отказ од функцијата.