Michael Hernandez
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе стапат во акција доколку Асадовиот режим ќе користи хемиско оружје, а ја критикуваше и политиката која ја води Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иран не ги почитува соседите: шири хаос во регионот и пошироко. Иранските лидери ги ограбуваат државните ресурси за да се збогатат и да шират хаос на Блискиот исток”, рече Трамп пред присутните на 73 заседавање на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Истакна дека регионалните соседи на Иран, платиле голема цена поради политиката на Техеран.
„Многумина земји на Блискиот исток силно ја поддржаа мојата одлука да ги повлечам САД од ужасниот договор со Иран од 2015 година”, рече Трамп. Тој се осврна и на глобалниот трговски систем, истакнувајќи дека е потребно да се менува.
Напомена дека Кина ги „злоупотребува трговските односи со САД и порача дека неговата земја тоа повеќе нема да го толерира”, додавајќи дека сепак има големо почитување кон кинескиот претседател Џи Јинпинг.
Нагласи и дека Северна Кореја презеде охрабрувачки чекори по самитот помеѓу него и Ким Јонг Ун.
На крајот на обраќањето апелираше на земјите членки на ОПЕК да ги намалат цените на сировата нафта.
Тема на овогодинешното заседавање на Генералното собрание е ОН да се направат релевантни за сите луѓе: глобално лидерство и заедничка одговорност за мирно, праведо и одржливо општество.