Yıldız Nevin Gündoğmuş
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, во врска со терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, истакна дека само оние чија болка е вистинска, можат да бидат заедно во жалост, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин на својот профил на Твитер реагираше против терористичкиот напад извршен врз две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.
„Оние кои маршираа за Чарли Ебдо, дали ќе маршираат и за муслиманите масакрирани во Нов Зеланд? Само оние чија болка е вистинска, можат да бидат заедно во жалост“, напиша Калин на Твитер.
Во терористичкиот напад во градот Крајстерчерч, врз две џамии во време на петочната молитва, убиени се најмалку 49 лица, а 42 се повредени.
Машко лице кое ја презеде одговорноста за нападот рече дека е 28-годишен Автралиец и дека имал антимигрантски мотиви за нападот.
Лекарите од болницата во Крајстчерч соопштија дека 12 лица се наоѓаат во критична состојба.