свет

„Северна Кореја лансираше повеќе балистички ракети“, тврди Јужна Кореја

- САД и Јужна Кореја денеска ја започнаа вежбата „Штитот на слободата 2025“ со цел јакнење на заедничкиот одбранбен капацитет против регионалните закани, а севернокорејското МНР ги осуди овие воени вежби, опишувајќи ги како опасен провокативен чин.

Elif Gültekin Karahacıoğlu, Aynur Şeyma Asan  | 10.03.2025 - Обновена : 14.03.2025
„Северна Кореја лансираше повеќе балистички ракети“, тврди Јужна Кореја

АНКАРА (АА) - Генералштабот на Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички ракети во правец на Жолтото Море, известува Анадолу.

Според „Јонхап“, јужнокорејскиот Генералштаб издал соопштение во врска со ова прашање.

Во соопштението се тврди дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички ракети од регионот Хвангхе кон Жолтото Море околу 13:50 часот по локално време.

Се наведува дека јужнокорејската Армија го следи развојот на настаните во координација со САД и ќе биде во состојба на готовност.

Од друга страна, САД и Јужна Кореја денеска ја започнаа вежбата „Штитот на слободата 2025“ (Freedom Shield 2025) со цел да го зајакнат заедничкиот одбранбен капацитет против регионалните закани од Северна Кореја.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи ги осуди заедничките воени вежби, опишувајќи ги како опасен провокативен чин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.