Muhammed Emin Canik
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Снимката што се прошири на социјалните мрежи прикажува пад на воен авион во Кувајт, за кој се тврди дека е американски борбен авион од типот Ф-15, додека надлежните институции засега немаат издадено официјална потврда за инцидентот, јавува Анадолу.
Видеоснимката, која вчера беше споделувана на различни платформи, прикажува летало што се урива, а според објавите станува збор за авион што ѝ припаѓа на армијата на САД што се урнал на територијата на Кувајт.
Во дел од објавите се наведува дека авионот бил погоден од „пријателски оган“, како и дека пилотот ја преживеал несреќата.
Снимката, исто така, содржи кадри на кои наводно се гледа лице што се спушта со падобран и подоцна е внесено во цивилно возило.
Од властите не е дадено никакво официјално соопштение во врска со инцидентот.