Emel Öz
30 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
АНКАРА
Илон Маск, основачот на автомобилската компанија „Тесла“ и компанијата за вселенска технологија „Спејс икс“, ги негира тврдењата дека сателитите „Старлинк“ заземаат премногу простор во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) во врска со критиките упатени за проектот „Старлинк“, Маск изјави дека во вселената има простор за милијарди сателити.
Изјавувајќи дека просторот е огромен, а сателитите се многу мали, Маск истакна: „Не спречивме никого да стори нешто“.
Кина се пожали на Маск до Канцеларијата за вселенски работи на Обединетите нации (UNOOSA) со образложение дека сателитите лансирани како дел од проектот „Старлинк“ претставуваат опасност за вселенската станица.
Во документот доставен до Канцеларијата за вселенски работи при ООН (UNOOSA), Кина наведува дека мора да спроведе „мерки за превенција од судири“ за да спречи евентуален судир на вселенската станица со сателитите „Старлинк“, лансирани од „Спејс икс“ во јули и октомври.
Кина, исто така, ги повика САД да ја заштитат вселенската станица од сателитите лансирани од „Спејс икс“.
„Спејс икс“ планира да воспостави мрежа од 12.000 сателити во Земјината орбита со сателитите „Старлинк“. Проектот се планира да заврши во 2027 година.