Fuat Kabakçı
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинезите на Денот на самците, кој се одбележува на 11 ноември, во рок од 24 часа потрошија 25,3 милијарди долари, со што срушија нов светски рекорд, јавува Anadou Agency (AA).
На интернет платформите за шопинг, „Taobao“ (Таобао) и „Tmall“ (Тмол), кои функционираат во рамките на водечката компанија на гигантите на е-технологијата во Кина, „Алибаба“, во еден ден е направена продажба од 168 милијарди и 3 милиони кинески јуани (25,3 милијарди долари).
Бројот на нарачките од домашните и странските компании за електроника, мебел, бела техника, облека и друго, надмина 800 милиони нарачки.
Минатата година на истиот ден се потрошени 18,1 милијарди долари, додека „Алибаба“ овој рекорд оваа година го сруши во првите 13 часа од денот.
Компаниите за е-технологија во земјата, кои вршат продажба преку интернет, со различни промоции и попусти се обидуваат да привлечат клиенти.
Кинезите најмногу купуваат на Денот на самците. Овој ден е во конкуренција со првиот понеделник по Денот на благодарноста во САД, кога Американците најмногу купуваат.
Американците минатата година потрошиле 5 милијарди долари за купување преку интернет на Денот на благодарноста и на т.н Црн Петок. На денот за онлајн купување наречен „Кибер понеделник“ (Cyber Monday) биле потрошени 3,39 милијарди долари.
Првата ваква кампања во Кина беше организирана во 2009 година, кога беа потрошени само 8 милијарди долари за онлајн купување.
Над 80 отсто од онлајн купувањата во Кина се вршат преку интернет страницата „Алибаба“ (Alibaba).
Денот на самците во Кина се одбележува од 1990 година.