Fuat Kabakçı
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Американската компанија за производство на автомобили „Fiat Chrysler“ (Фиат Крајслер) во Кина повлекува 19.572 возила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на кинеската Администрација за контрола на квалитетот се наведува дека возилата се повлекуваат поради дефект на пумпите во возилото кои се користат за надувување на воздушните перничиња.
Процесот на повлекување ги вклучува моделите „300C sedan“ и „Jeep Wrangler“ произведени во период од 2004 до 2012 година.
Според соопштеното, компанијата бесплатно ќе ги менува автомобилските делови кои го имаат овој дефект.