Fuat Kabakçı
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, со што ја започна дводневната посета на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп и неговата сопруга Меланија во „Забранетиот град" на плоштадот Тјенанмен во Пекинг беа пречекани од страна на кинескиот претседател Си Ѓинпинг и неговата сопруга. По посетата на „Забранетиот град“, Трамп на кинескиот претседател на таблет му покажа видеоснимка од внуката Арабел, која изведува песна на кинески јазик.
Си Ѓипинг му се заблагодари на американскиот претседател за покажаното гостопримство за време на неговата посета на Америка во април оваа година.
За Трамп утре на плоштатот Тјенанмен ќе биде организиран и свечен дочек, по што ќе се одржи состанок меѓу двајцата лидери. Во делегацијата на американскиот претседател се наоѓаат претставници на 29 компании.
По турнејата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш од 1992 година, ова е најдолгата турнеја на еден американски претседател во Азија. Кина е трета земја што ја посетува во рамките на 13-дневната турнеја. Во текот на претходните денови, американскиот претседател беше во посета на Јапонија и Јужна Кореја.
По посетата на Пекинг, Трамп ќе го посети и Виетнам, а потоа и Филипините.