Aida Cako
02 Јули 2025•Ажурирај: 03 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Во повеќе германски градови таксистите организираа масовни протести против компаниите, како Убер, Болт и слични платформи, кои нудат услуги преку интернет-апликации, јавува Анадолу.
Во Берлин, Франкфурт, Штутгарт, Мајнц, Вупертал, Диселдорф, Бон и Келн таксистите формираа конвои и изразија незадоволство од активностите на приватните превозни компании што работат преку мобилни апликации.
Протестите не беа насочени кон намалување на цените, туку кон барање фер конкуренција на пазарот на транспортни услуги.
Во Келн, во протестот учествуваа над 500 такси-возила при што се предизвика значително попречување на сообраќајот на некои улици.
На протестите под мотото „Национален ден на акција“, во Диселдорф учествуваа околу 400 такси- возила, а во Бон околу 250.