Emre Aytekin
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека е можно ЈПГ/ПКК да ги ослободи заробениците на ДЕАШ за да ги вклучи Соединетите Американски Држави (САД) во судирите во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Курдите (ЈПГ/ПКК) може да ослободат некои од нив [заробеници на ДЕАШ] за да нѐ вклучат нас во војната“, напиша Трамп на неговиот профил на Твитер.
Критикувајќи го коментарот на еден учесник во програмата „Fox&Friends“ на американската телевизија „Фокс“ (Fox), кој рече дека САД влегоа во една нова војна во регионот, Трамп рече:
„Брајан Килмејд целосно погрешно го протолкува проблемот во програмата „Fox&Friends“. Ние не влеговме во нова војна меѓу народите кои се борат веќе 200 години. Европа имаше шанси да ги врати припадниците на ДЕАШ што се уапсени, ама не сакаше да ја плати цената, туку рече ’Нека ја платат САД‘. Курдите (ЈПГ/ПКК) може да ослободат некои од нив [заробеници на ДЕАШ] за да нѐ вклучат нас во војната. Турција и Европа нив можат лесно да ги заробат, но треба да се брзи. Врз Турција доаѓаат големи санкции. Луѓето навистина ли мислат дека ќе влеземе во војна со Турција која е членка на НАТО? Ќе завршат војните кои немаат крај. Оние што нѐ повлекоа во калта на Блискиот Исток, тие истите сакаат да останеме таму.“