Bilgin S. Şaşmaz
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ЧИКАГО (АА) – Генералниот секретар на советот на муслимански организации (УСЦМО), Усаме Џемал, му се заблагодари на Трамп за „негативните“ коментари кон мулсиманите, што според него придонело муслиманите да бидат поактивни за време на изборниот процес, што пак предизвика симпатии кон исламот меѓу Американците, јавува Anadolu Agency (AA).
Џемал даде изјава за АА, во гимназијата „Универсал“, во Чикаго, каде што го даде својот глас.
Тој изјави дека во САД, вкупниот број на пријавени муслимански гласачи достигнал до 1 милион.
„Овие избори се важни, не само за САД, туку и за муслиманското општество. Муслиманската заедница, која работеше мошне активно пред изборите, всушност е победникот без преседан. Овие избори се победа на муслиманите“, додаде тој.
Џемал нагласи дека муслиманите се однесувале мошне чувствително во врска со регистрацијата на гласачите и користењето на правото на глас: „Муслиманските гласови, особено во спорните држави како Охајо, Флорида, Мичиген, Вирџинија, Пенсилванија и Северна Каролина, беа одлучувачки“.
Тој истакна дека американските муслимани имаат активен став и дадоа одговор на ниво, како што рече тој, на пораките на Трамп, кои се полни со говор на омраза.
„Пораките на почитуваниот Трамп, полни со говор на омраза кон муслиманите, придонесоа за симпатии и поддршка кон нив. Неговите изјави предизвикаа поголема подготвеност и активност кај муслиманите во изборниот процес. Му благодарам за тоа на Трамп, тоа е причината за активирање на муслиманското општество, и тоа предизвика симпатии кај Американците кон исламот“, истакна Џемал.