Макрон: Со право ѝ помогнавме на Украина, наметнавме санкции за Русија
„Постои агресор кој е Русија и нападнат народ - Украина“, им рече францускиот претседател на новинарите

ИСТАНБУЛ (АА) - Откако средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот украински колега Владимир Зеленски во Белата куќа се претвори во жестока размена на зборови, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека поддржувачите на Украина се во право за поддршката на Киев и за санкциите кон Русија, јавува Анадолу.
„Постои агресор кој е Русија и нападнат народ - Украина“, им рече Макрон на новинарите во Португалија.
Тој нагласи дека биле „во право“ што ја поддржувале Украина, и што ја санкционирале Русија, и дека ќе продолжат да го прават тоа.
„Мораме да им се заблагодариме на сите кои помогнаа и мора да ги почитуваме оние кои се борат од почетокот“, додаде францускиот претседател.
Жестоката расправа пред јавноста беше околу сомнежите на Зеленски дека напорите на Трамп за постигнување на договор за ставање крај на тригодишната војна со Русија можно е да не дадат траен мир.
Зеленски ја напушти Белата куќа по расправијата, а планираната церемонија на потпишување на договорот за клучните минерали и прес-конференцијата беа откажани.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.