Rıyaz Khalıq
18 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја, Ким Џонг Чол, денес пристигна во Вашингтон за да се состане со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“ јави дека Ким Џонг Чол и неговиот тим летале директно од Пекинг во Вашингтон, во тридневна посета на градот.
Корејскиот тим бил пречекан на Меѓународниот аеродром „Далес“ од страна на специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Биган и други севернокорејски официјални лица.
Биган одби да даде коментари за медиумите на аеродромот.
Ким Џонг Чол подоцна во текот на денот ќе се состане со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за да ги финализираат деталите за самитот кој ќе се одржи меѓу лидерите на двете земји.
Тој, исто така, се очекува да го посети американскиот претседател, Доналд Трамп, на кој би требало да му го предаде писмото од Ким Џонг Ун.
„Вториот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер би требало да се одржи во Виетнам за еден месец доколку денешните состаноци бидат успешни“, јавуваат неколку медиуми.
Трамп и Ким Џонг Ун минатата година во јуни одржаа историски самит во Сингапур, што беше првпат двајца лидери од ривалски земји да го сторат тоа.