Gözde Bayar
30 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ЈПГ/ПКК при обид да се инфилтрираат во нивната прекугранична антитерористичка оперативна зона во северна Сирија, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По обидот да го нарушат мирот и безбедноста во регионот на операцијата „Извор на мирот“, терористите се неутрализирани во успешна операција“, се соопштува од Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.