Satuk Buğra Kutlugün
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) - Две ракети насочени кон зградата на полицијата ја погодија западната покраина Измир доцна синоќа, соопштија денес полициски извори за Anadolu Agency (АА).
Според полицијата, терористичката група на ПКК имала намера да ја нападне полициската станица во областа Бајиндир, Измир, но испалените ракети паднале во близина на населено подрачје и истите не резултирале со жртви.
Една од ракетите погоди покрив на куќа, која беше на само 100 метри оддалеченост од локалната полициска станица.
Другата ракета паднала на поле кое се користело како складиште од страна на државната болница во Бајиндир.
Сопственикот на куќата, која беше погодена од една од ракетите, зборуваше за АА во врска со инцидентот.
Шеесет и двегодишниот Семих Пармаксиз, чија куќа беше погодена, вели дека играл компјутерски игри со слушалки на ушите во моментот на инцидентот.
„Слушнав голема експлозија па помислив дека е огномет. Кога ги извадив слушалките, видов дека прозорците на куќата се искршени”, изјави Пармаксиз, додавајќи дека неговото семејство и тој веднаш ја напуштиле куќата и повикале полиција.
Се спроведува истрага во врска со инцидентот.