Hasan Esen
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
ЛОНДОН (АА) - „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) напиша дека Турција со вооружените беспилотни летала (SİHA) стана сериозен ривал на Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот, во статијата за вооружените беспилотни летала (SİHA) на Турција истакна дека Армијата на Азербејџан, во Нагорно Карабах, со турските вооружени беспилотни летала (SİHA) погодила голем број ерменски позиции, системи за противвоздушна одбрана, артилерија и тенкови.
- „Резултат на 20-годишен напор“ -
Во статијата се наведува дека Нагорно Карабах е петтата конфликтна зона каде што се распоредени турските вооружени беспилотни летала (SİHA), по Сирија, Либија, Северен Ирак и Источен Медитеран.
„Проширувањето на турската индустрија за беспилотни летала е со цел да се намали зависноста од Запад, а тоа е резултат на 20-годишниот напор за зголемување на производството во одбраната со цел да се оживее националната гордост“, се нагласува во статијата на „Фајненшл тајмс“.
- „Сериозен конкурент“ -
Многу аналитичари иницијативите за производство на борбени авиони ги сметаат за премногу амбициозни. Но во однос на програмата за беспилотните летала (İHA), аналитичарите сметаат дека Турција стана моќна во таа област.
Директорот на Центарот за студии за беспилотни летала на колеџот „Њујорк бард“ (New York Bard) истакна дека Турција со вооружените беспилотни летала стана сериозен конкурент на САД, Израел и Кина, и дека програмата на Турција за вооружените беспилотни летала (SİHA) е доста софистицирана.
- Извозот на одбранбената индустрија се зголеми од 248 милиони на 3 милијарди долари -
Меѓу другото, во статијата се наведува дека Турција минатата година во други земји продала тенкови, оклопни возила, делови за авиони, оружје и муниција во вредност од 3 милијарди долари.
„Таа бројка во 2002 година изнесуваше 248 милиони долари. Властите во 2023 година се надеваат дека ќе достигнат 10 милијарди долари“, се додава во статијата на весникот.
Според весникот, напорите на Турција да произведе свои беспилотни летала е поврзана со борбата на Турција со терористичката организација ППК што трае долго време.
Аналитичарот Арда Мевлутоглу истакна дека снабдувањето со беспилотни летала од други земји и проблемите кои се јавуваат при нивната употреба придонело прашањето за беспилотните летала да биде со највисок приоритет за земјата.
- „Вооружените беспилотни летала обезбедија да се истера ПКК од планинските области каде што беше сместена“ -
Исто така, во статијата се додава дека вооружените беспилотни летала (SİHA) од 2017 година се користат против терористичката организација ПКК.
„Вооружените беспилотни летала обезбедија да се истера ПКК од планинските области каде што беше сместена 30 години“, нагласи Ниѓар Ѓоксел, директорката на Меѓународната кризна група за Турција.
Во написот, исто така е наведено дека само 7 проценти од компонентите на „Бајрактар ТБ2“ се увезуваат.