Mustafa Deveci
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
ЕРУСАЛИМ
Американските власти веруваат дека шансите иранската администрација да се врати на Нуклеарниот договор се многу мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот весник „Хаарец“ (Haaretz) напиша статија во врска со вчерашната посета на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс на Израел.
Повикувајќи се на неименувани израелски официјални претставници, во извештајот се наведува дека американските службеници што го придружувале Барнс за време на посетата на своите израелски колеги им објасниле дека „не очекуваат разговорите за Иран да се врати на Нуклеарниот договор да вродат со плод“.
Израелските власти сметаат дека не е можно администрацијата на Техеран да се врати на Нуклеарниот договор поради конзервативниот Ибрахим Реиси кој е избран за претседател на Иран.
Директорот на ЦИА, Барнс, како дел од неговата вчерашна посета на Израел се состана со премиерот Нафтали Бенет и министерот за одбрана, Бени Ганц.