Ekipa
27 Март 2023•Ажурирај: 29 Март 2023
ВАШИНГТОН - Во Вашингтон во Соединетите Американски Држави (САД), но и на други локации, се одржува Националниот фестивал на цветање на црешата, со голем број активности, јавува Анадолу.
Цутењето на црешата може да се види во Тајдал Басенот во Вашингтон, додека посетителите се забавуваат претставувајќи ја јапонската, американската и останатите култури.
Тие имаа можност да се фотографираат во големата рамка за фотографирање достапна на фестивалот за љубителите на фотографијата.
Вчера фестивал беше одржан и кај Споменикот на Вашингтон.
За време на фестивалот што ќе трае до 16 април 2023 година ќе се одржуваат многу други настани, како и официјално шоу со огномет за Националниот фестивал на цутење на црешата.
Со Фестивалот на јапонската цреша се одбележува подарокот од 3.000 црешови дрвја во 1912 година од страна на градоначалникот Јукио Озаки на Токио за градот Вашингтон, и го одбележува трајното пријателство меѓу народите на САД и Јапонија.
Фестивалот ќе трае четири недели и е домаќин на над 1,5 милиони посетители кои уживаат во пролетното време со различните настани на фестивалот.