Oktaj Omeragikj
11 Септември 2025•Ажурирај: 12 Септември 2025
ПАПУА (АА) - Остатоците од хеликоптерот што се урна превезувајќи четири лица се пронајдени во индонезиската покраина Папуа, известува Анадолу.
Регионалните службеници за катастрофи објавија за смртта на четирите лица во хеликоптерот што се урна на планините Џила.
Телата се транспортирани на аеродромот „Мозес Килангин“ во Тимика и предадени им се на нивните семејства.
Напорите за пребарување и спасување беа спроведени со поддршка на тимовите од Тимика, како и на индонезиските воздухопловни сили, копнените трупи, полицијата и ПТ Интан Ангкаса, операторот на хеликоптерот. Хеликоптер од типот „каракал“, кој му припаѓа на TNI AU, обезбеди воздушна поддршка во операцијата.
Властите објавија дека операцијата за пребарување и спасување е завршена откако се евакуирани телата на загинатите.