Aida Cako
10 Јули 2025•Ажурирај: 11 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Јеменската група Хуси соопшти дека целосно го потопиле товарниот брод „Eтернити Ц“, кој бил на пат кон израелското пристаниште Ејлат, јавува Анадолу.
Воениот портпарол на Хусите, Јахја Сари, изјави дека бродот бил погоден од поморско пловило без екипаж и балистичка ракета додека пловел кон пристаништето Ум ал-Рашраш (Ејлат).
Сари додаде дека нападот бил извршен откако бродот и неговата компанија ја прекршиле блокадата наметната врз Израел.
Од вкупно 25 члена на екипажот, спасени се шест лица - петмина Филипинци и еден Индиец, се вели во соопштението.