Ferdi Uzun,İbrahim Uzun
09 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
АЈДИН (AA) - Во Кушадаси, во турската област Ајдин, при потонувањето на чамец на кој се наоѓаа непријавени мигранти, смртно настрадаа девет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава AA, екипите на Крајбрежната стража, по дојава во 3:25 часот по локално време, се упатиле кон местото на кое потонал чамецот на кој се наоѓале 13 лица. Упатени се хеликоптер, авион, два чамци на Крајбрежната стража и нуркачки тим.
Спасени се четири лица. На копно се распоредени и екипи на итната помош.
Мигрантите се обиделе илегално да ја преминат турската граница.
Градоначалникот на Кушадаси, Муамер Аксој, изјави дека починале седум деца и две жени.