Mahmut Atanur
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
ЏAKАРТА (АА) - Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди градот Маџена, во Западен Сулавеси, Индонезија, загинаа најмалку 42 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Националната агенција за вонредни состојби (BNPB) соопшти дека земјотресот е регистриран во 1:28 часот по локално време.
Директорот на Агенцијата, Радитија Џати, рече дека според податоците со кои моментално располагаат покажуваат дека во земјотресот загинале 42 лица, 34 во градот Мамуџа и осум во Маџена.
Џати, исто така, рече дека во земјотресот се повредени 673 лица, и дека се оштетени над 300 станбени објекти. Досега од подрачјата погодени со земјотресот евакуирани се над 15.000 лица. Спасувачките операции продолжуваат.
Локалните власти наведуваат дека материјална штета е регистрирана и во јавните установи, меѓу кои и во една болница, и во зградата на гувернерот на Западен Сулавеси.
Од Метеоролошкиот завод за клима и геофизика (BMKG) го предупредија населението за можни нови потреси на тлото, поради што е потребно да се избегнува престој во близина на високи објекти.
Земјотресот е регистриран на шест километри североисточно од градот Маџена, на длабочина од десет километри, а земјотресот го почувствувале и жителите во подрачјето на Палу и Макасар.