Mücahit Oktay
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
АНКАРА / ЊУЈОРК (АА)
Најмалку 19 лица загинаа, вклучувајќи девет деца, откако пожар зафати висока станбена зграда во Њујорк, пренесува Агенција Анадолија.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамас за „Си-ен-ен“ изјави дека во пожарот во Бронкс се тешко повредени 63 лица.
Комесарот на Одделот за пожар во Њујорк (FDNY) Даниел Нигро на прес-конференцијата изјави дека неисправен грејач го предизвикал пожарот во 19-катницата.
Тој изјави дека чадот почнал брзо да се шири на горните катови бидејќи вратата од станот била отворена, додавајќи дека повеќе од 60 луѓе биле затруени од димот предизвикан од пожарот.
Според Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк, загинатите малолентници биле на 16 годишна возраст и помали деца, а мнозинството од жителите во зградата биле муслимани од Гамбија.
Претходно на прес-конференцијата, Комесарот Нигро информираше дека 32 лица биле испратени во пет различни болници и повеќето од нив страдале од труење со чад.
„Ова е нешто невидено во нашиот град. Очекуваме да има голем број на жртви“, додаде тој.
Во гаснењето на пожарот учествувал тим од 200 пожарникари.