Associated Press
18 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Најмалку 9 лица загинаа, а 40 се повредени кога се преврте автобус што превезувал католички аџии на југот од Мексико, известува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на Цивилната заштита во мексиканската сојузна држава Чиапас соопшти дека несреќата се случила во петокот пред зората во местото Тила.
Настраданите се патници од сојузната држава Табаско кои се враќале од верскиот обред по повод празникот на Пресветото Тело и Крв Христова.
Во тек е истрага за причините на несреќата.