Cüneyt Karadağ
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - На трамвајската станица Унтерферинг, во германскиот град Минхен се случи оружен напад во којшто е повредена една полицајка, јавува Anadolu Agency (AA).
Минхенската полиција соопшти дека повредената полицајка е во критична состојба, и оти има и други ранети во нападот. Исто така, од полицијата потврдија дека напаѓачот е приведен, а нападот е окарактеризиран како терористички напад.
Според германските медиуми, во текот на полициска контрола, напаѓачот го зел службеното оружје од полицајката и отворил оган.
Понатаму се вели дека околината околу станицата е обезбедена, случајот е ставен под контрола и дека не постои опасност .
Трамвајската станицата е затворена по овој настан.