Sayed Khodaberdi Sadat
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во два последователни напада во Кабул, Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Вахид Meрчух изјави дека се хоспитализирани повеќе од 50 лица.
Одговорните претставници истакнаа дека еден од напаѓачите, во близина на зградата на Парламентот ја активирал експлозивната направа која била поставена на неговото тело.
Вториот напад е извршен со автомобил-бомба, а цел биле оние што дојдоа да им помогнат на ранетите во првиот напад.
Одговорноста за нападоите ја презедоа талибанците, кои тврдат дека во нападот има повеќе загинати и повредени лица.
Воедно, осум лица загинаа во самоубиствен напад што се случи во провинцијата Хелманд.