Sayed Khodaberdi Sadat
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во напад на конвој на НАТО извршен во близина на „Баграм“, најголемата американска база сместена недалеку од Кабул, во Авганистан, загинаа двајца цивили, а пет лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на покраината Парван, Махфуз Велизаде, изјави дека бомбашот самоубиец експлозивната направа која ја имал на себе, ја активирал откако се приближил на конвојот на НАТО во близина на базата „Баграм“.
Велизаде појасни дека во нападот се ранети тројца војници на НАТО и двајца цивили.
Силите на НАТО во Авганистан сѐ уште не дадоа соопштение во врска со овој напад.
Одговорност за нападот презедоа Талибанците, тврдејќи дека во нападот американските војници претрпеле губитоци.