Seyit Aydoğan
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
ОТАВА (АА) - Талибанците го ослободија канаѓанецот Колин Радерфорд, кој беше уапсен во 2010 година во Авганистан, јавува Anadolu Agency (АА).
Министерот за надворешни работи на Канада, Стефан Дион во писмена изјава истакна дека напорите за ослободување на Радерфорд сe успешни. Тој посочи дека направил сè што е неопходно Радерфорд да се врати кај своето семејство.
"Сакам да им се заблагодарам на катарските власти, со кои имавме тесна соработка, со цел Радерфорд да биде пуштен на слобода," се вели во соопштението.
Канадскиот министер нагласи дека Радерфорд е во добра здравствена состојба и дека е на безбедно. Покрај тоа, министерот додаде дека ослободениот Радефорд наскоро треба да пристигне во Канада.
Колин Радерфорд е заробен во 2010 година додека ги посетувал историските локалитети во Авганистан, поради сомнение дека е шпион.