Mohammed Tahiri,Gülşen Topçu
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
РАБАТ (AA) – Мароко по пауза од 34 години повторно стана членка на Африканската телекомуникациска унија (АТУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Враќањето на Мароко во АТУ е објавено во текот на конференцијата на претставниците на Меѓународната телекомуникациска унија, која овие денови е одржана во Најроби, главниот град на Кенија.
На конференцијата во име на Мароко присуствуваше техничкиот директор на Националното телекомуникациско биро на Мароко (ANRT), Мухамед Идиси ал Мелјани.
Мароканската новинска агенција „MAP“ објави дека АТУ го прифатил барањето на оваа земја за враќање во унијата.
Мароко ја напушти АТУ во 1984 година откако во унијата е примен Народниот фронт за ослободување на Сагија ел Амре и Рио де Оро (Фронт Полисарио).
Фронтот Полисарио е движење кое се бори за независност на Западна Сахара од Мароко и нејзино меѓународно признавање . Обединетите нации го признаваат Полисарио како претставник на народот на Западна Сахара.