Sayed Khodaberdi Sadat
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
МEЗАР-И ШEРИФ (АА) - Во северниот дел на Авганистан, во провинцијата Џузџан, избувна судир меѓу припадници на терористичката организација ДЕАШ и талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на административната управа на Џузџан за АА изјави дека во подрачјето на Хитај Сај и Чар Сај избувнал оружен судир меѓу милитантите на ДЕАШ и талибанците.
Судирот траел околу 4 часа и во него животот го загубиле 11 лица, од кои петмина милитанти на ДЕАШ и шестмина талибанци, а пак ранети се 15 лица, од кои 8 милитанти на ДЕАШ и 7 талибанци.
Засега ниту една од организациите не даде соопштение во врска со настанот.
Претходно, судир меѓу овие две организации се случи во подрачјето на Куш Тепе и Дерзаб.