Sayed Khodaberdi Sadat
02 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
КАБУЛ (АА) - Во авганистанскиот главен град Кабул се случија три последователни бомбашки напади, при што, според првичните сознанија, животот го загуби едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Насрат Рахими, во изјава за медиумите истакна дека првиот напад бил извршен врз минибус кој превезувал универзитетски студенти, додека другите два напада биле извршени во близина на местото каде што бил извршен првиот напад.
Рахими информираше дека според првичните сознанија, во нападот загинало едно лице, додека 17 лица биле повредени.
Тој изјави и дека меѓу повредените се наоѓа и еден новинар.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.