Sinan Polat,Tevfik Durul
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ИСЕ (АА) - Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија на Самитот Г7 кој се одржува во Исе Шима, постигна согласност за неопходноста на интензивирање на соработката во правец на постигнување на Договорот за економско партнерство (ЕПА) и Договорот за слободна трговија (ФТА), јавува Anadolu Agency (AA).
Во Јапонија се одржува дводневен самит на лидерите на седумте најразвиени економии во светот, на кој главни теми се економската и безбедносната соработка во време на глобалните кризи во двете области.
На прес-конференцијата, шефот на јапонската влада, Абе, рече дека со лидерите на европските членки на групата Г7, за време на денешниот состанок постигнал согласност за неопходноста од воспоставување на соработка на највисоко ниво со цел оваа година да се постигнат праведни и транспаренти договори за договорите ЕПА/ФТА.
Абе додаде дека тие договори ќе бидат важни и за стабилизацијата на глобалните економски и трговски текови, а не само земјите кои се во преговори.
Групата Г7 ја сочинуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите американски држави. На состаноците присуствуваа и челниците на институциите на ЕУ. Дводневниот самит на лидери на тие земји во Јапонија започна со утринската посета на Големиот храм во градот Исе.
Во таа пригода, лидерите на најразвиените земји на светот, во Храмот влегоа преку дрвен висечки мост, а преку мостот, во придружба на јапонскиот премиер, помина и американскиот претседател Барак Обама.
Самитот е продолжен со деловен ручек, а потоа лидерите присуствуваа и на презентација на производи со јапонска технологија. Во таа пригода премиерите на Италија и Канада, Матео Ренци и Џастин Трејд, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и челникот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги тестираа автомобилите со автопилот.
Самитот ќе биде продолжен и утре, а покрај економските теми, лидерите ќе разговараат и за актуелните безбедносни прашања, вклучувајќи ја и сиуацијата во Северна Кореја, Јужното Кинеско Море и Украина.
Претходниот член на групата на Русија, пред две години е исклучен поради нелегална окупација на украинскиот Крим и тензијата во источна Украина. Самитот на тогашната група Г8 е откажан во Сочи, а притоа во формат Г7 се одржа во Брисел.
Собирот во Јапонија претставува можност лидерите на водечките светски сили да разговараат и за други теми, како што е борбата со климатските промени, епидемиите, енергетиката и вклучувањето на жените во општеството.
Челникот на Европскиот совет, Туск, истакна дека земјите Г7 мораат да бидат поактивно вклучени во решавањето на бегалската криза, и порача дека никој не може да го предводи решавањето на глобалните кризи доколку тоа не го сторат најразвиените земји.
Домаќинот на Самитот, Јапонија, бара посебно да се разговара на прашањето за денуклеаризација на Северна Кореја.
На маргините на Самитот, американскиот претседател Барак Обама, утре ќе ја посети Хирошима, една од двете локации на кои САД извршија нуклеарни напади за време на Втората светска војна. Тој во претходните изјави веќе рече дека во таа пригода нема да упати извинување кон Јапонија поради тој напад.
Токму таа посета и донекаде ги засени сите други теми на Самитот, бидејќи станува збор за историска посета која Обама ја извршува како американски претседател кој ќе стои на тлото на кое американската војска фрли атомска бомба.