Islam Uddin
06 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
ИСЛАМАБАД
Авион на Пакистанските воздушни сили (PAF) се сруши за време на обука во североисточната покраина Пенџаб, соопштено е од воздушните сили денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Еден борбен авион на Пакистанските воздушни сили се сруши во близина на Аток, за време на рутинска обука. Двајцата пилоти успешно излегле“, изјави портпаролот на ПАФ.
Во изјавата се наведува дека во несреќата немало човечки жртви, додавајќи дека започната е истрага во врска со несреќата.
Во февруари и септември минатата година два авиони се срушија за време на вежба во североисточниот дел на Пакистан, додека во март еден борбен авион Ф-16 се сруши во близина на главниот град Исламабад.