Ekipa
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ВИЕНА
Лидерот на Конзервативната партија, Себастијан Курц (33), денеска положи заклетва како австриски канцелар, со што се враќа на чело на Владата по постигнатиот договор со Партијата на зелените, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Курц на функцијата канцелар се враќа по седум месеци откако се распадна коалициската Влада на конзервативците со Слободарската партија на Австрија по објавувањето на видеото на кое се гледа тогашниот лидер на десничарската партија, Хајнц Кристијан Штрахе, како нуди привилегии на наводен руски инвеститор.
Ова е првпат жените да содржат мнозинство во сојузната Влада и Зелените да учествуваат во нејзината работа.
Народната партија на Австрија (OVP) минатата недела се договори со Зелените околу коалицискиот договор. Зелените го добија Министерството кое ги обединува прашањата за животната средина, транспортот, инфраструктурата, енергијата, технологијата и иновациите.
Курц на денешното полагање на заклетвата ја врати „титулата“ најмлад европски шеф на Владата, која до неодамна ја носеше премиерката на Финска, Сана Марин (34), која минатиот месец го започна својот мандат.