Ekipa
11 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - За време на градежните работи при копање железнички тунел што ќе ги поврзува Австрија и Италија, утрово изби пожар. Во моментот на избивање на пожарот, на градилиштето биле присутни околу 50 работници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Австриските медиуми јавуваат дека се запалила машината за пробивање на тунелот кој поминува под Алпите.
Наводно, во моментот на избивањето на пожарот, во тунелот се наоѓале околу 50 работници. Се верува дека 18 од нив, со кои австриските власти не успеале да воспостават контакт, се сокриле во контејнер. Медиумите наведуваат дека пожарот е ставен под контрола.
Железничкиот тунел Бренер, помеѓу Австрија и Италија, кој ќе биде долг 55 километри, би требало да биде завршен во 2025 година.