Seda Sevencan, Servet Günerigök
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Црвено спортско возило влета во толпа на божиќна парада во американската сојузна држава Висконсин, при што загинаа најмалку пет лица, а над 40 се повредени, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случи околу 16.39 часот по локално време во градот Ваукеша. Снимките на социјалните мрежи покажуваат луѓе во паника, и некои како лежат на земја.
„Во овој момент, можеме да потврдиме дека пет лица се починати, а над 40 повредени. Овие бројки може да се променат паралелно со собирањето дополнителни информации“, објави полициската управа на Ваукеша на Фејсбук.
Истрагата за инцидентот е во тек, а од полицијата додаваат дека е приведено едно лице.
Началникот на полицијата на Ваукеша, Ден Томпсон, претходно изјави дека полицаец пукал во возилото на осомничениот за да го запре и додаде дека нема повредени минувачи како резултат на тоа.
„Повеќе не трагаме по осомниченото возило“, рече Томпсон. „Местото на настанот е осигурено и безбедно.“