Talha Yavuz
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
ЗОЛОТЕ (АА) - Агенција Анадолија (АА) сними војници на Украинските вооружени сили на фронтот во подрачјето на Золоте во регионот Донбас, на истокот на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фронтот во Золоте, кој сведочеше на судирите помеѓу украинската војска и проруските сепаратисти, се наоѓа во регионот Луганск во Донбас. Золоте, едно од жариштата на судирот, е линија и допирна точка помеѓу двете страни од 2014 година.
Во регионот, каде што температурата на воздухот паѓа под минус 12, војниците на фронтот продолжуваат да чуваат стража во тешки зимски услови. Додека во текот на денот на фронтот нема судири, војниците редовно патролираат по подрачјето и го набљудуваат регионот со двогледи.

Во периодот на пораст на тензиите помеѓу Русија и Запад, очите се насочени кон активистите на линијата на фронтот помеѓу проруските сепаратисти и регионот под контрола на украинската војска, на самата граница на двете земји.
Со дипломатски иницијативи и понатаму има обид да се спречи тензиите во регионот да прераснат во војна, а воените движења на линијата на фронтот и долж границата внимателно ги следи целиот свет.

Демонстрациите избија во главниот град на Украина, Киев, на 21 ноември 2013 година, откако украинскиот претседател Виктор Јануковиќ не го потпиша Договорот за пристапување кон Европската Унија. Откако Јануковиќ избега од земјата во февруари 2014 година, демонстрациите станаа масовни, а проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.
Повеќе од 13.000 луѓе се убиени во судирите помеѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година.